Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Присвојување на културно наследство
Култура / Culture

Присвојување на културно наследство

А.Ш.(56) од  село Мрзенци, Гевгелија и З.М.(55) од Гевгелија заработиле кривични пријави поради присвојување на културно наследство. С танува збор за  повеќе вредни предмети кои потекнуваат од римскиот период пред почетокот на 3 век п . н . е.

предмети ГевгелијаПри претресот во семејната куќа  на А.Ш. во селото Мрзенци, биле  пронајдени две метални глави со приказ на коњска глава, две метални глави со приказ на глава од орел, метален предмет со приказ на глава од орел и со дополнителни странични апликации од лебед, три монети, еден метален предмет со апликација на коњ со оштетување на предните нозе и опашката, една  метлна алка со една монистра, една  метална рачка од нож и три тегули,од кои две во облик на пирамида и една во форма на квадратна плочка. Според кажувањето на А.Ш. тој предметите пред околу еден месец ги набавил од лицето А. Д. од Скопје. 

По добиени те сознанија за недозволено присвојување на  културни добра претрес бил извршен и во домот на З.М во Гевгелија каде биле пронајдени еден камен фрагмент со изгравиран релјеф, метален сад, метална чаша со изгравиран релјеф, метална игла со изгравиран релјеф на рачката во долниот дел, седум керамички фрагменти од два сада, метален предмет со апликација во форма на глава од змија, девет фрагменти од монистри,  привезок со тристрана форма,  тока од ремен, два метални привезоци и други предмети. Според З.М. дел од предметите ги пронашол при копање на шупа во село Сермелин, а дел ги купил од лице од село Миравци пред околу 15 години.

Пронајдените предмети кои се од непроценлива археолошка и историска вредност, со потврда привремено се одземени од А.Ш и З.М, и  се доставени на вештачење и стручна анализа во Управата за заштита на културното наследство при Министерство за Култура.

Против осомничениот З.М., од страна на полицијата и досега биле поднесувани кривични пријави за истите дела, додека А.Ш. бил познат на полицијата по друг вид на криминал.



Апел Л И Н К О В И
cl

Апел И Н Ф О Р М А Т О Р
Списание на Управата за заштита на културното наследство
cl

Апел Х Е М Е Р О Т Е К А
cl

Македонски Археолошки Весник

Министерство за култура на Република Македонија

Скопско Кале

Periblepto dome in the narthex