Демант за објавениот текст во денешен Либертас

Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерство за култура, која беше сместена во објектот на улицата “Ѓуро Ѓаковиќ” бр.61, е во процес на селење и ќе биде сместена во објект кој се наоѓа на улицата “Павел Шатев” бр.3.

Од тие причини, изјавите дадени во денешен libertas.com дека од Министерство за култура се носат материјали во “непознат правец” се комплетно неточни. Станува збор за тековни активности – транспорт на материјални средства и работна документација. Транспортот го прават лица вработени во Управата за заштита на културното наследство.

Bookmark the permalink.

Comments are closed