Голем чекор во зачувувањето на духовното културно наследство

Со одлука на Владата на Република Македонија 22 дијалекти (говори) од три јазици се прогласени за културно наследство

Голем чекор во зачувувањето на духовното културно наследство

– Дијалекти на македонскиот, турскиот и албанскиот јазик –

tВладата на Република Македонија, на својата седница одржана на 21 јуни 2011 година, донесе 22 одлуки со кои дијалектите (говорите) на три најраспространети јазици во Република Македонија се прогласени за културно наследство од особено значење – поткатегорија исклучително значење. Се работи за дијалекти на македонскиот, турскиот и албанскиот јазик.

tПрогласувањето на дијалектите како духовно културно наследство во Република Македонија е обврска од Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство (Париз, 2003) и Законот за заштита на културното наследство. Во постапката за прогласување учествуваа: Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, како овластен субјект за заштита на јазикот и топонимите, Управата за заштита на културното наследство, како стручно-административана поддршка, Националниот совет за културното наследство, кој даде позитивно мислење по однос на предлозите и Министерството за култура, како предлагач на духовните културни добра (дијалекти).

tД-р Убавка Гајдова, раководител на Одделениото за дијалектологија при Институтот и Александар Јорданоски, советник за јазик и топоними при Управата, се клучните луѓе кои ја реализираа целата активност околу прогласувањето на дијалектите на македонскиот, турскиот, албанскиот и влашкиот јазик за културно наследство.

tЗнaчајно е да се напомене дека со овие 22 одлуки, како и со претходните 16 одлуки за прогласување на духовното културно наследство (дијалекти и топоними), донесени на седницата на Владата на Република Македонија на 15 септември 2009 година, како и со осумте решенијата за регистрација на движното културно наследство ex lege од 2 февруари 2010 година за картотеките во Институтот, издадени од Управата за заштита на културното наследсво, орган во состав на Министерството за култура, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, како овластен субјект за заштита на јазикот и топонимите, целосно ги исполни формално-правните обврските кон Законот за заштита на културното наследство во рамките на своите овластувања, односно јазикот (дијалекти) и топонимите.

tТака, Институтот е прв од системот на институции вклучени во заштитата на културното наследство кој својот предмет на интерес (јазикот и топонимите) целосно го валоризира, односно го прогласи за културно наследство.

tНа седницата на Владата на Република Македонија од 21 јуни 2011 година за културно наследство од особено значење – поткатегорија исклучително значење се прогласени следниве дијалекти (говори): Дебарски говори, Рекански говор, Тиквешко-мариовски говори, Горнополошки говори, Дримколско-голобрдски говор, Вевчанско-радовишки говори, Кумановски говор, Кратовски говор, Струшки говори, Јужни говори, Говорот на Турците од Ресенско, Говорот на Турците од Гостиварско, Говорот на Турците од Дебарско – Жупа, Говорот на Турците од Тетовско, Говорот на Турците од Велешко, Прилепско и Крушевско, Говорот на Турците од Скопско, Говорот на Турците од Кумановско, Говорот на Турците од Штипско, Говорот на Турците од Битолско, Говорот на Турците од Струшко, Тоскиски говори во Република Македонија, Преодни гегиски-тоскиски говори во Република Македонија.

Александар Јорданоски

Bookmark the permalink.

Comments are closed