Изготвена Нацрт-Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство и нејзин Акциски план

Управата за заштита на културното наследство, врз основа на член 49 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/04; 71/04; 115/07; 18/11; 148/11; 23/13; 137/13; 164/13; 38/14; 44/14; 199/14; 104/15; 154/15; 192/15, 39/16 и 11/18) изготви Нацрт Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство и Нацрт Акциски план за нејзино спроведување.

Во Нацрт Националната стратегија се содржани целите и основните начела на заштитата како и стратегиските определби во однос на легислативата, установите за заштита, јавната свест и едукацијата, популаризацијата на културното наследство финансирањето и др. Главен акцент е даден на одржливото користење на културното наследство како развојна компонента во севкупниот процес на заштита на културното наследство. Националната стратегија содржи Акциски план со дефинирани активности, динамика, носители на активности, како и индикатори за евалуација на спроведувањето на Националната стратегија.

Во овие нацрт-документи, изработени од Работна група формирана од страна на Управата за заштита на културното наследство се вградени и забелешките, коментарите и дополнувањата добиени од институциите од системот за заштита на културното наследство по првата нацрт-верзија.

Согласно законските процедури, во 2019 година ќе претстојат стручни и јавни дискусии со цел претставување на овие нацрт-документи, со што ќе се отвори можност за дебата и вклучување на дополнителни мислења и предлози од сите заинтересирани страни.

По предлог на Управата и по претходно мислење од Националниот совет за културно наследство, Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство ја донесува Собранието на Република Македонија.

Bookmark the permalink.

Comments are closed