Отворење на изложба на уметнички дела од современата ликовна македонска уметност во Уметничката галерија – Безистен – Штип

Во рамките на одбележувањето  на 18 Мај меѓународниот ден на музеите , НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Штип на 17 мај, организираше изложба на уметнички дела од современата ликовна македонска уметност во Уметничката галерија – Безистен – Штип. Изложбата на тема „Современа уметност од светлина на музејското депо” ја отвори директорот на Управата за заштита на културното наследство д-р Елеонора Петрова-Митевска која наведе дека изложените уметнички дела од основоположниците на македонското сликарство се влезени во сите учебници, во сите меѓународни книги коишто ги пишуваат најзначајните творци на современата уметност. Најголем дел од сликите се работени масло на платно, а притоа беа презентирани  ликовни дела кои се дел од богатата збирка на уметнички дела на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Штип, кои припаѓаат на разни уметнички жанрови, создавани во различни временски периоди од основоположниците на современата македонска уметност: Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Димитар Пандилов, Петар Мазев и др., како и уметниците од втората и третата генерација на ликовни творци: Чемерски, Ефремов, Крмов, Гуте, Вангел Наумовски и др. Митко Штерјов, директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Штип кажа воведен збор во изложбата.

Bookmark the permalink.

Comments are closed