Позитивното искуство од Хрватска, да се примени во Македонија

Билатерална средба на експерти за нематеријално културно наследство од Хрватска и Македонија

      На покана од Министерството за култура на Република Хрватска, на 18 и 19 март беше реализирана работна средба на експерти за нематеријално културно наследство од двете земји. На работната средба која ја отвори хрватскиот министер за култура, м-р Јасен Месиќ, претставници од Република Македонија беа Ивона Опетческа Татарчевска – етнокореолог, виш соработник за фолклорни добра во Одделението за духовно културно наследство во Управата за заштита на културното наследство и д-р Зоранчо Малинов, етнолог, директор на Институтот за фолклор „ Марко Цепенков” – Скопје. Темата на работната средба беше новиот циклус на номинации на нематеријални културни добра на листите на УНЕСКО.

Позитивното искуство на Република Хрватска, со впишани 10 нематеријални добра во УНЕСКО-вите: Репрезентативна листа за нематеријално културно наследство на човештвото и Листата на нематеријално културно наследство со потреба од ургентна заштита, беа пренесени од страна на Генералниот секретар на Канцеларијата на УНЕСКО во Република Хрватска, Рут Карек, раководителот на Одделот за движно и нематеријално културно наследство, г-ѓа Бианка Перчиниќ–Кавур; советникот од Одделението за нематеријално културно наследство , м-р Мирела Хроватин и стручниот соработник Ирена Ивиќ.

Делегацијата од Македонија имаше чест и задоволство да присуствува и на работен состанок на Советот за нематеријално културно наследство на Р. Хрватска, независно и советодавно тело на министерот за култура, чија основна цел е да номинира национални културни добра на листите за нематеријално културно наследство на УНЕСКО, како и да предлага форми и методи за заштита на нематеријалното културно наследство на национално ниво.

  

Bookmark the permalink.

Comments are closed