Ревалоризација на Старата скопска чаршија

Управата за заштита на културно наследство на 22.02.2006 год. организираше работна средба со градоначалниците на град Скопје, општина Чаир и општина Центар и со преставници од Националниот конзерваторски центар – Скопје и НУ Конзерваторскиот центар – Скопје, како надлежни установи за заштита на културното наследство, со цел да се разјаснат и разрешат дилемите кои постојат во врска со престојната ревалоризација на заштитеното добро “Стара скопска чаршија”. На состанокот се расправаше околу прецизното и деталното редефинирање на границите на заштитеното јадро, утврдување на границите на контактните зони, категоризација на Чаршијата, утврдување на режимот на заштитата и други прашања во врска со изготвувањето на Елаборатот за ревалоризација на Старата скопска чаршија, кој треба да биде во согласност со воспоставената правна регулатива за ревалоризација на културното наследство, како и целта заради која таа ќе се изврши.
Меѓу другото, на средбата беше уште еднаш потенцирано да се продолжи со практиката на соработка и заемно информирање за сите преземени активности меѓу присутните, а со цел да се има поголема ефикасност во престојната ревалоризација на заштитеното добро “Стара скопска чаршија”.

Bookmark the permalink.

Comments are closed