Спречен шверц на артефакти и икони

При извршена контрола во багажен простор во возилото на државјанин на Р. Хрватска, цариниците на граничниот премин Табановце пронашле различни археолошки предмети кои се културно богатство на Република Македонија. Стручни лица од Управата за заштита на културното наследство по извршениот увид утврдија дека предметите се од непроценлива национална вредност. Археолошките предмети се пронајдени на македонска територија и претставуваат дел од културно наследство на земјата. Шверцерите поседувале импозантна бројка од околу 560 монети, разни украси, предмети и накит.

Стручната експертиза ја изврши Звонимир Николовски, инспектор за културно наследство во Управата кој информираше дека накитот е од железно време, од 7 и 6 век пр.н.е.. Има две добро зачувани бронзени очиласти фибули и еден торквиз. Монетите се неисчистени, онака како што се пронајдени и најверојатно потекнуваат од некрополите од југот на Македонија.

Исто така на граничниот премин Богородица се спречени грчки државјани кои сакале да прошверцуваат две икони кои потекнуваат од 13 до 15 век и да ги пренесат во Германија.

Bookmark the permalink.

Comments are closed