Општина Карпош ќе обезбеди 15 милиони денари за археолошкиот локалитет „Скупи“. Ова беше решено на состанокот меѓу Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општина Карпош и Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културно наследство, кој се одржа кон крај на месец октомври. Средствата ќе бидат наменети за решавање на проблемите со кои се соочува локалитетот „Скупи“. Еден од проблемите се однесува на урбанизираниот јужен дел од споменичката целина и можноста за изградба на идни објети. Акцент е ставен и на значењето на самиот објект, односно на идните истражувања и презентации. Финансиските средства што ќе ги издвои општина Карпош ќе се означуваат етапно, во текот на следните три години, а врз основа на изготвени програми за работа. Во таа смисла, од Управата велат дека овие средства можат да се искористат во следниве три години за истражување и презентација на објектот „Театар“, што би фатило две третини од вкупниот износ, како и за заштитни истражувања на потегот југ-југозапад од локалитетот, во износ од една третина од средствата.
К. Антевска
|