Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр. 15 - Дек. 2006
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ДЕСЕТ ЗБИРКИ НА ДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Во рамките на Програмата за ревалоризација на движното културно наследство, стручни тимови од НУУБ „Св. Климент Охридски” изготвија елаборати за ревалоризација на девет библиотечни збирки и една збирка на цртежи од оваа институција, коишто по извршената комисиска ревизија се предвидени за донесување одлука на Владата на РМ за прогласување на културно наследство од особено значење.

Станува збор за следните збирки: „Ракописи на персиски јазик”, „Ракописи на арапски јазик”, „Ракописи на старотурски јазик”, Арехеографска збирка „Инкунабули”, Археографска збирка „Старо­печатени и ретки книги”, Археографска збирка „Старословенски рако­писи”, за кои се предлага поткатегоријата исклучително значење, и „Македонија на разгледници до 1946 година”, „Ретка периодика”, „Картографски материјал (оригинални карти и атласи)” и „Збирка на цртежи”, за кои се предлага поткатегоријата големо значење.

 

 

 

 

 


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]