Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
А к т и в н о с т и
Култура / Culture

КОМПЈУТЕРИЗАЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА ЗАШТИТАТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
Една од компонентите на проектот "Развој на општините и културата", финансиран од Светската банка, со цел институционален развој на национално ниво, претставува изработката на компјутеризирана база на податоци за културното наследство. За таа цел, Единицата за координација со Проектот отпочна да изготвува податочен модел за Национален инвентар на културното наследство во Република Македонија, заснован на постојната состојба и законската регулатива во Македонија, како и меѓународното искуство и препораки.

Во текот на овој месец во Управата за заштита на културното наследство и во конзерваторските центри во Македонија од страна на Единицата за координација со проектот "Развој на општините и културата" беше доставена и е во завршна фаза на инсталација неопходната хардверска опрема (сервери, компјутери, скенери, печатари…), по што претстои нејзино меѓуинституционалното поврзување.

Опремувањето на националните институции за заштита со потребните современи дигитални технички помагала и спроведувањето на Националниот инвентар за културното наследство, што се очекува да отпочне во текот на април, ќе значи стандардизирање и осовременување на користењето на документацијата/информацијата за културното наследство на национално ниво и пошироко.


БЛАГОДАРНОСТ
Управата за заштита на културното наследство ја користи оваа пригода да искаже посебна благодарност на Единицата за координација со проектот "Развој на општините и културата" (ЕКП) при Министерството за култура, како и на Светската банка, со чија финансиска поддршка се овозможи опремувањето на Управата за заштита на културното наследство со неопходната информатичка опрема.

Ревалоризација на културното наследство
Најавените работни средби на стручните служби од Управата за заштита на културното наследство со надлежните институции за заштита на културното наследство во врска со спроведувањето на законски определената активност

- ревалоризација на културното наследство, се одржаа на 12.02 и 17.02.2006 година во просториите на Управата.
На првата средба присуствуваа преставници од седум надлежни институции за заштита на недвижното културно наследство - заводите за заштита и музеите/конзерваторските центри, а на втората - преставници од дваесет специјализирани јавни институции од областа на музејската дејност.
Врз основа на изготвените работни матерјали за успешно применување на Правилникот за валоризација, категоризација и ревалоризација, според кој ќе се реализира активноста, стручните служби на Управата, заедно со стручните лица кои непосредно ќе учествуваат во процесот на ревалоризација, водеа конструктивни дискусии во контекст на методолошкиот пристап и организација на самиот процес кој треба да се остварува како добро обмислена тимска работа.
Масовната присутнист и плодната тематска расправа се значаен показател за успешно отпочнување на оваа приоритетна активност на Министерството за култура од областа на заштитата на културното наследство.


РЕВАЛОРИЗАЦИЈА НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
Управата за заштита на културно наследство на 22.02.2006 год. организираше работна средба со градоначалниците на град Скопје, општина Чаир и општина Центар и со преставници од Националниот конзерваторски центар - Скопје и НУ Конзерваторскиот центар - Скопје, како надлежни установи за заштита на културното наследство, со цел да се разјаснат и разрешат дилемите кои постојат во врска со престојната ревалоризација на заштитеното добро "Стара скопска чаршија". На состанокот се расправаше околу прецизното и деталното редефинирање на границите на заштитеното јадро, утврдување на границите на контактните зони, категоризација на Чаршијата, утврдување на режимот на заштитата и други прашања во врска со изготвувањето на Елаборатот за ревалоризација на Старата скопска чаршија, кој треба да биде во согласност со воспоставената правна регулатива за ревалоризација на културното наследство, како и целта заради која таа ќе се изврши.
Меѓу другото, на средбата беше уште еднаш потенцирано да се продолжи со практиката на соработка и заемно информирање за сите преземени активности меѓу присутните, а со цел да се има поголема ефикасност во престојната ревалоризација на заштитеното добро "Стара скопска чаршија".

Непогода
Инспекторите за културно наследство од Управата за заштита на културното наследство на ден 09.02.2006 год. извршија увид на локацијата над Соборниот храм Св. Пантелејмон во Велес - споменик на културата заштитен со закон. Причина за увидот беше одронувањето на блок од карпа што предизвика оштетување на неколку гробови, оградниот sид на црквата и гробиштата, како и рушење на една од помошните простории во кругот на црквата. Од оваа причина, Управата за заштита на културното наследство веднаш формира Комисија составена од стручни лица, кои врз направениот увид и стручната процена предложи соодветни мерки за санирање на настанатата состојба, како и адекватни мерки за спречување на натамишното потенцијално дестабилизирање на останатите карпи над црквата. Со предложените мерки се запознаени Министерството за култура, општината Велес, Дирекцијата за заштита и спасување и Националниот конзерваторски центар - Скопје.
Управата за заштита на културното наследство потенцира дека во вакви случаи стриктно треба да се почитува Законот за заштита на културното наследство (член 107 став 4) и Законот за заштита и спасување, каде точно се одредени ингеренциите на сите субјекти.

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕСТАВНИК ОД УНЕСКО-РОСТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Во пресрет на престојната Регионална средба за превенција од нелегална трговија со културни добра и други противправни дејствија, од 06-10.02.2006 година во работна посета на Македонија престојуваше г. Дамир Дијаковиќ, програмски специјалист за култура од Канцаларијата на УНЕСКО во Венеција.
Посетата беше искористена за поттикнување повеќе теми од интерес на културните институции во Македонија:

" Допрецизирање на местото, учесниците и програмата за престојната Регионална средба, која финансиски е поддржана од УНЕСКО-РОСТЕ;

" Со координаторите на Проектот за конзервација на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид беа разгледани развојните фази на Проектот, како и вклучување на УНЕСКО-РОСТЕ со финансиска поддршка за изработка на потребната документација на споменикот;
" Беа водени разговори за деталите за развивање на Проектот за дигитализација на културното наследство и активностите околу формирање регионален центар за дигитализација - проект координиран од УНЕСКО-РОСТЕ, а финансиски поддржан од Владата на Република Италија;
" Со г. Јован Ристов, директор на Управата за заштита на културното наследство, г.Јордан Трца, директор на Завод и Музеј Охрид, како и преставници од Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО во Република Македонија, беше иницирано прашањето за воспоставување систем за изработка на менаџмент-план за градот Охрид, кој е на Листата на светското културно наследство и можностите за вклучување на УНЕСКО-РОСТЕ во одделни фази во изработката на планот, каде што ефектите би биле најголеми;
" Посебен акцент беше даден на залагањата на УНЕСКО-РОСТЕ во изнаоѓањето начини за упатување на тренинг-курсеви на стручен кадар од областа на заштитата на културното наследство. Во тој контекст, со г. Бехиџудин Шехаби, директор на Националниот конзерваторски центар, беше разговарано за можности тројца хемичари од Националниот конзерваторски центар - Скопје да бидат упатени на 15- дневен престој во лабораторијата на ИКРОМ во Рим - Италија.

Работни средби беа остварени и со проф. д-р Предраг Гавриловиќ, претседател на МНК ИКОМОС, и претставници од Амбасадата на Република Италија. На крајот од посетата посебна средба беше остварена со министерот за култура, г. Благој Стефановски, кој беше информиран за реализираниот престој, како и за идните планови и активности на Канцеларијата за култура на УНЕСКО во Венеција во изнаоѓањето начини за поддршка на активностите во Република Македонија.




Јавни информации ЈАВНИ ИНФОРМАЦИИ
cl

Апел Л И Н К О В И
cl

Апел И Н Ф О Р М А Т О Р
Списание на Управата за заштита на културното наследство
cl

Апел Х Е М Е Р О Т Е К А
cl

Македонски Археолошки Весник

Министерство за култура на Република Македонија

Скопско Кале

Periblepto dome in the narthex