КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО ОПАСНОСТ
По преземените активности на и нспекцијата и Секторот за идентификација, заштита и користење на културното наследство при Управата, како и извршениот увид на надлежната институција за заштита - Националниот конзерваторски центар - Скопје, во врска со нарушување на состојбата на заштитеното културно добро - Беговска куќа на ул. „ Чеде Филиповски” бр. 68 во Гостивар, Управата, според член 43 од Законот за заштита на културното наследство, го донесе првото решение за прогласување на културно наследство во опасност. Во меѓувреме, Управата поднесе и кривична пријава до Основното јавно обивнителство од Гостивар против инивеститорот „Тетро 1” од Гостивар, чии градежни работи во непосредна близина на културното наследство се основниот причинител за влошување на состојбата на доброто. Имајќи предвид дека се работи за раритетен споменик од ориенталната станбена архитектура во Република Македонија, кој претставувал дел од дуплекс на специфично организиран простор за живеење и комуницирање, со разиграни архитектонски елементи и богата профилација на отворите, особено впечатливи на челната фасада, Министерствто за култура направи напори за итно доделување финансиски средства за санирање на состојбата.
|