Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.16 - 17, Јан - Фев. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

Врз основа на сугестии, коментари и предлози пристигнати од јавните институции за заштита, музеи, како и од други правни и физички лица, за потребата од измени и дополнувања на Законот за заштита на културното наследство („Сл. весник на РМ” бр. 20/04 и 71/04 - исправка) и на Правилникот за археолошки истражувања („Сл. Весник на РМ” бр. 111/05), Управата за заштита на културното наследство формира комисии за оформување предлози за измени и дополнувања на предметниот закон и правилник.

Комисијата за измени и дополнувања на Законот за заштита на културното наследство се концентрира на предлагање решенија во врска со:

•  археолошките ископувања;
•  интегрираната заштита;
•  обезбедување контролни и други мерки за извоз и изнесување на движното културно наследство (според Регулативата на Европската Унија- 3911/91 за извоз на културни добра) и Директива 93/7/ЕЕЦ за враќање на културни добра незаконски изнесени од територијата на земјата-членка;
•  усогласување со Законот за територијална организација на локалната самоуправа;
•  усогласување со Законот за прекршоци.

Комисијата за измена и дополнување на Правилникот за археолошки истражувања, покрај вградувањето на дел од пристигнатите забелешки и предлози, изврши и негово усогласување со измените и дополнувањата на Законот за заштита на културното наследство.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]