Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.16 - 17, Јан - Фев. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ]

ИЗНЕСУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ИЗВОЗ НА НЕЗАШТИТЕНИ
И ЗАШТИТЕНИ ДОБРА ВО 2006 ГОДИНА

Во 2006 година по барање на надлежни установи за заштита на музејски предмети, библиотечни и кинотечни добра, како и по барање на физички и правни лица издадени се: 9 одобренија за привремено изнесување во странство на заштитени добра, 68 уверенија за изнесување на незаштитени добра и 166 уверенија за извоз на незаштитени добра.

Заради презентирање на културни манифестации во странство во 2006 год., беа привремено изнесувани заштитени добра, и тоа: стари книги од ЏВИ и ЏЏ век, современи уметнички дела, графички листови на икони, теракотна окарина, македонскиот документарен филм „Леополд Седар Сенгор” и фрагменти од филмскиот опус на браќата Манаки.

Предмет на привремено изнесување во странство беа 1154 незаштитени движни добра: уметнички слики, графики, мозаици, фотографии, народни носии, современи монети и банкноти, со цел презентација на различни изложби, фолклорни настани и саемски манефестации во повеќе европски и светски држави.


Во 2006 година од Република Македонија трајно беа извезени 585 незаштитени движни добра од кои: 359 уметнички слики, 21 предмети во резба, 42 икони, 7 копии на теракотни икони, 2 скулптури, 1 бакрорез, 26 народни носии, 106 монети-копии, 14 прстени-копии, 3 крста-копии, 3 керамички предмети, 20 предмети современ накит.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]