Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр. 20, Мај. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

МУЗЕЈ НА ВОДА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПРАИСТОРИСКАТА ПАЛАФИТНА НАСЕЛБА ОД
БРОНЗЕНО ВРЕМЕ ВО ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Врз основа на резултатите од подводните археолошки истражувања на локалитетот „Плоча Миќов Град" во Заливот на коските кај полуостровот Градиште на источното крајбрежје од Охридското Езеро, подготвен е проект за делумна реконструкција на праисториска наколна населба од бронзеното време. Имено, на дрвени колци закачени на дното од езерото над нивото од водата ќе биде изградена платформа врз која ќе се подигнат седум праисториски дрвени куќи во чија внатрешност ќе бидат вратени археолошките предмети, главно, од бронзенодопската керамичка продукција, на соодветни места каде што се претпоставува дека се наоѓале во времето на нивната употреба. Екстериерно и ентериерно куќите ќе ги имаат сите потребни карактеристки, а застапени врз основа на сознанијата од истражувањата и врз основа на споредбена литература. Овој дел од населбата ќе биде изграден на петнаесеттина метри од копното, а ќе биде поврзан со него со дрвен праисториски подвижен мост. На копното пред стационираната населба ќе биде изграден пристапен центар со музејски простор, сувенирски витрини, кафе-бар и сл.

Реализацијата ќе трае две години: 2007 и 2008. Во 2007 година се вршат подготовките: набавка на 500 м 3 дабово дрво, потоа специјални третмани (модификација во некоја странска земја), подготовка на теренот, археолошки истражувања на делови од Градиште и др. Во март 2008 година ќе започне директната реконструкција на населбата.

Крајната цел на потфатот е да се добие еден автентичен Музеј на вода, кој во една ваква презентација би бил единствен на балканските простори (нешто слично има покрај Костурскто Езеро, но таму населбата е изградена на мочурлив терен).

Носител на реализацијата на овој проект е НУ Завод и Музеј - Охрид под чија надлежност се изведуваа подводните археолошки истражувања во времето од 1997 - 2005 година. Целосна финансиска поддршка обезбедува Владата на Република Македонија, додека координацијата е доверена на директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

 

Претпоставен Изглед


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]