АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА
Музејот на град Скопје во период од 03.05. до 30.10.2007 год ќе врши систематски археолошки истражувања на локалитетот „Скупи" Градска територија, и тоа во два сектори: Сектор I улица Кардо и Сектор II микростанбени градби западно од термите. Со истражувачките работи ќе раководат Ленче Јованова, археолог, вишкустос и кораководителот м-р Марина Ончевска-Тодоровска, археолог, вишкустос. Средствата за овој проект се обезбедени во рамките на Годишната програма за 2007 год. на Министерството за култура и Собранието на град Скопје.
НУ Музеј - Куманово ќе врши систематски археолошки истражувања на локалитетот „Татиќев Камен", с. Кокино, во периодот од 09.05 до 30.06.2007 година. Истражувачките работи ќе се одвиваат на секторите „Северна тераса" и „Акропола" под раководство на Јовица Станковски, археолог, кустос. Средствата за проектот се обезбедени во согласност со Годишната програма за 2007 год. на Министерството за култура.
НУ Музеј на Македонија Скопје во период од 10.05 до 15.07. 2007 година ќе врши систематски археолошки истражувања на локалитетот „Стоби" објект Римски форум, и тоа: на јужниот ѕид од објектот, на неговата западна половина, како и на источниот дел пред градскиот бедем. Истражувачките работи ќе се изведуваат под раководство на Мила Шурбаноска, археолог, кустос-советник и кораководителот м-р Антонио Јакимовски, археолог. Проектот е финансиран од италијанската НВО „ЧИСС".
Музејот на град Скопје Скопје ќе врши систематски археолошки истражувања на локалитетот „Скупи" Западна некропола, во северозападниот дел од градот во рамките на работните квадрати од 10 до 25; од 29 до 32 и од 33 до 36. Работите ќе се изведуваат во период од 15.05 до 31.10.2007 година под раководство на Ленче Јованова, археолог, вишкустос. Средствата за овој проект се обезбедени во рамките на Годишната програма за 2007 год. на Министерството за култура и Собранието на град Скопје.
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Струмица ќе врши систематско археолошко истражување на локалитетот „Цареви Кули", Струмица во периодот од 21.05 до 15.10.2007 год., и тоа на позициите: јужен и северен влез на тврдината; бедемско платно на југоисточниот, западниот и северозападниот сектор; на кулата „Донжон"; на објектот „Цистерна" и на некрополата. Работите ќе се изведуваат под раководство на Зоран Рујак, археолог, кустос и кораководителот Ване Секулов, археолог, кустос. Проектот го финансира општина Струмица со средствата добиени од грантот што го додели Европската агенција за реконструкција. |