Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.20, Мај. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

МУЗЕЈСКА ВИТРИНА

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА

МУЗЕЈ НА ТЕТОВСКИОТ КРАЈ

Националната установа Музеј на тетовскиот крајНационалната установа Музеј на тетовскиот крај е формиран во 1950 година и се вбројува меѓу најстарите музеи во Македонија. Во Музејот функционира археолошко, етнолошко, одделение за историја на уметност и одделение за историја, со една постојана историска и етнолошка поставка и еден импровизиран галериски простор. Археолошкото одделение има реализирано неколку проекти со археолошки ископувања во Полог, каде што се евидентирани над 100 локалитети. Етнолошкото одделение е меѓу најстарите одделенија со околу 750 предмети. Одделението за историја на уметност беше организатор на една ликовна колонија, неколку детски фотографски и графички работилници, како и на три меѓународни манифестации на мала графика. Музејот располага со 600 графики.

Историското одделение има евидентирано повеќе спомен-плочи и меморијални споменици во Тетово.

Музејот организира повеќе тематски и самостојни изложби на уметници од градот и пошироко.

Во рамките на Музејот се и Меморијалниот музеј на народниот херој Ѓоце Стојчески, Музејот на ЦК на КПМ, Турскиот амам и дел од комплексот Арабати Баба Теќе.



[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]