Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.20, Мај. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

  • Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство изврши увид на Споменикот на дванаесетте ваташки младинци во с. Ваташа, Кавадарци при што констатира негово оштетување, настанато при насилно симнување на елементи од споменикот. Од споменичен комплекс недостасуваат и 165 бронзени букви. Управата за заштита на културното наследство, во соработка со службите на Министерството за внатрешни работи, презема мерки за откривање на непознатиот сторител на ова недозволиво дејствие, што во моментов е акутен проблем во Македонија.

 

 

 

  • Секторот за превенција и инспекциски надзор при Управата за заштита на културното наследство, постапувајќи по добиена информација направи увид на црквата Ротонда во с. Коњух Кратово, при што констатира оштетување во североисточниот надворешен дел од црквата, каде е копано до темелните партии на периметралниот ѕид, предизвикано од непознат сторител. Сакралниот објект се наоѓа во состав на археолошкиот локалитет „Големо Градиште", а хронолошки се датира во VI век од н.е. Со оглед на значајната археолошка и архитектонска вредност на објектот, Управата за заштита на културното наследство во договор со Националниот конзерваторски центар - Скопје, презема мерки за покренување на постапка за валоризација на објектот во согласност со Правилникот за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство. Управата, во соработка со Одделението за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи, презема мерки и активности за утврдување на извршителите на ова недозволено дејствие.

 


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]