ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ОПШТИНИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ
МИСЛЕЊЕ ЗА ЗАШТИТНО-КОНЗЕРВАТОРСКИ УСЛОВИ И
ЗАШТИТНО-КОНЗЕРВАТОРСКО МИСЛЕЊЕ
Заради соодветно ажурирање на постапката за изготвување документи мислење за заштитно-конзерваторски услови или заштитно-конзерваторско мислење за објекти кои се наоѓаат во заштитена зона, а кои Управата за заштита на културното наследство ги издава во согласност со член 74, односно чл. 75 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на РМ" бр. 20/04), странките треба да ги доставуваат барањата преку општините до Управата, со следната документација.
За добивање мислење за заштитно-конзерваторски услови, по кое општината издава решение за локациски услови треба да се достави:
Барање со точна адреса на барателот (улица и број);
- Идеен проект кој треба да содржи: архитектонска документација од постојната состојба на објектот (ситуација, основи, пресеци и фасади, како и фото документација од фасади и ентериер) и проектирана состојба;
- Извод од детален урбанистички план;
- Копија од катастарски план;
- Имотен лист;
Идејниот проект треба да биде доставен во најмалку 2 примерока од кои едниот се задржува, а другиот се враќа на барателот.
За добивање на заштитно-конзерваторско мислење, по кое општината издава одобрение за градење треба да се достави:
- Барање со точна адреса на барателот;
- Основен проект кој треба да содржи: архитектонска документација од постојната состојба на објектот (ситуација, основи, пресеци и фасади, како и фото документација од фасади и ентериер) и проектирана состојба;
- Извод од детален урбанистички план;
- Копија од катастарски план;
- Имотен лист;
Основниот проект треба да биде доставен во најмалку 2 примерока од кои едниот се задржува, а другиот се враќа на барателот.
|