Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.20, Мај. 2007
Култура / Culture

[Претходна страна] [Информатори]

ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРЕДЛОГ
- ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

Со Предлог-законот за заштита на аудиовизуелните добра, што е во фаза на изготвување сеопфатно ќе се регулира нивната заштитата, чувањето и користењето, работата на НУ Кинотека на РМ и правата и должностите на имателите на аудиовизуелните добра како услов за создавање современа правна основа за нивна заштита.

Странските компаративни искуства укажуваат дека во европските законодавства кинотечните добра се дефинираат како аудиовизуелни добра како резултат на развојот на новите медиуми, техниките на продукција и соодветниот заштитен третман.

Донесувањето на новиот Закон за заштита на аудиовизуелните добра произлегува од потребата да се изгради нов систем на заштита на аудиовизуелните добра компатибилен со странските компаративни искуства, како и усогласување на македонското законодавство со европското законодавство.


[Претходна страна] [Информатори]