Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.22-23, Јул-Авг. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ]

АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ИНСПЕКЦИЈА

•  Службата за превенција и инспекциски надзор при Управата за заштита на културното наследство по добиена писмена информација од НУ др. Никола Незлобински – Струга изврши увид на локалитетот „Градиште-Вајтос" над селото Октиси. При увидот констатирани се радикални и трајни оштетувања направени од диви копања, на архитектурата и културните слоеви во внатрешноста на локалитетот.

 

 

 

 

 

 

 

•  По добиено известување од НУ др. Никола Незлобински – Струга за направени оштетувања од страна на диви копачи на локалитетот „Св. Илија" с. Делгожда, Струшко службата за превенција и инспекција направи увид при што констатира диво копање и опожарен простор на некрополата со што се направени трајни оштетувања на голем дел од истата.

И во двата случаи Управата за заштита на културното наследство во соработка со службите на Министерството за внатрешни работи презема активности за откривање на сторителите на овие недозволиви дејствија.

 

 

 

 

•  По добиено известување од НУ Музеј на Тетовскиот крај – Тетово за случаен наод на гробови од некропола во месноста „Сред Село" во с. Вешала – Тетово, при изведување на градежни работи за проширување на пат кон селото Бозовец, службата за превенција и инспекциски надзор при Управата за заштита на културното наследство направи увид и констатира дека со изведувањето на работите направено е оштетување на еден од гробовите. Со цел да се направи целосна културна и хронолошка идентификација на некрополата неопходни се заштитни ископувања на неколку гробни конструкции кои се видливи во профилот на ископот.

 

 

 

 


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]