МУЗЕЈСКА ВИТРИНА
НУ Историски Музеј – Крушево е основан во 1953 година со меморијална поставка, која се однесува на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година. Во рамките на Музејот се: Музејот на НОВ, Музејот на Илинденското востание и Крушевската република, галеријата „Никола Мартиновски" во која се сместени етнолошките поставки: „Крушевска одаја од XIX век" и „Носиите во Крушево и крушевско од крајот на XIX и почетокот на XX век" и споменикот „Илинден". Музејот располага со библиотечен фонд од 852 книги, меѓу кои се и мемоарите на Никола Киров Мајски. Во организација на Музејот е и Етно саемот што се одржува во Крушево, за време на празникот Илинден .
|