Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.22-23, Јул-Авг. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА

Институтот за историја на уметноста и археологија – Скопје при Филозофскиот факултет, врши:

  • рекогнисцирање во рамките на проектот „Античкото Кралство Маке­донија во Р. Македонија" на повеќе локалитети во реоните на Прилеп, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Штип, Битола, Крива Паланка, Виница, Берово и Брод во периодот од 16.07 до 12. 12.2007 год. и
  • археолош ко истражување на:

•  локалитетот „Висока", с. Бонче, во просторот долж источниот ѕид на акрополата и од северната и јужната страна на влезниот коридир во периодот од 10.08. до 30.09.2007 год., при што истовремено ќе се изврши и детален дигитален премер на микрорељефот на локалитетот;

  • археолошко истражување на:

•  локалитетот „Ста­ро Бонче", с. Бонче. на југозападниот дел од ком­плекс­от, односно се истражува владетелската гробница од рана антика. во периодот од 13.08 до 30.09.2007­ год.

Работите се изведуваат под раководство на проф. д-р Виктор Лилчиќ, а средствата за истите се обезбедени од Министерството за култура.

  • НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј–Прилеп ќе врши сондажни археолошки истражувања на остатоците на манастирскиот комплекс „Св. Никола", с. Манастир, Мариово. Истражувањата ќе се презема­ат во рамките на Проектот за конзервација на црквата „Св. Никола" и оста­натите објекти во комплексот, во јужниот дел од селото Манастир. Работите ќе се изведуваат во период од 15.08. до 15.11.2007 год., под раководство на д-р Бранислав Ристески, археолог, виш научен соработник. Средствата за Проектот се обезбедени од Министерството за култура.
  • НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј–Битола, ќе врши сондажно археолошко истражување на локалитетот „Хераклеја Линкестис", сектор Северна некропола, во рамките на КП бр. 18123. Истражувачките работи ќе се изведуваат во период од 20.08. до 26.10.2007 година, под раководство на Аница Ѓорѓиевска, археолог, кустос-советник. Средствата за Проектот се обезбедени од Министерството за култура.
  • НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј–Струмица ќе врши систематско археолошко истражување на локалитетот „Доцноримско термално лекувалиште", кај с. Банско. Истражувачките работи ќе се одвиваат североисточно од просторијата со поден мозаик, во период од 01.09. до 15.11.2007 год., под раководство на Ване Секулов, археолог, кустос. Сред-ствата за Проектот се обезбедени од Министерството за култура.
  • НУ Завод за заштита на споменици на културата и Музеј–Штип, ќе врши систематско археолошко истражување на локалитетот „Баргала", објект -Базиликата „ Extra Muros ". Истржувачките работи ќе се одвиваат западно од откриениот апсидален дел. Работите ќе се изведуваат во период од 03.09 до 05.10.2007 год., под раководство на Ѕвонко Белдедовски, археолог, кустос-советник. Средствата за Проектот се обезбедени од Мини­стерството за култура и НУ Завод и Музеј–Штип.

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]