ПЕТТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАРИЈАТ НА ИНТЕРПОЛ - ЛИОН
Од 18.09 до 20.09. 2007 година, во Краков, Полска, Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ - Лион ја организираше V - тата Конференција на тема Недозволена трговија со културни добра, крадени во Централна и Источна Европа . Домаќин на Конференцијата, на која зедоа учество 24 земји, беше Министерството за внатрешни работи на Полска. Меѓу земјите-учеснички присуствуваше и македонската делегација која ја сочинуваа преставници од Министерството за внатрешни работи и раководителот на Одделението за превенција при Управата за заштита на културното наследство, г. Илчо Бојчевски. Целта на ова средба беше унапредување на соработката меѓу надлежните институции вклучени во процесот на спречување на недозволената трговија со културни добра. Согледувајќи ја сериозноста на проблемот со недозволената трговија со културни добра и имајќи ги предвид искуствата на земјите-учеснички за унапредување на соработката во спречувањето на овој вид криминал, на Конференцијата беа донесени препораки кои ќе придонесат за натамошно поефикасно работење во доменот на откривањето на овие кривични дела.
Петтата конференција на Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ – ЛИОН им препорачува на земјите учеснички:
- Да усвојат национално законодавство за заштита на културните добра и ресурси за борба против дела поврзани со културните добра според потребите идентификувани во секоја земја.
- Да го снабдат УНЕСКО со националното законодавство за културно наследство и нивните регуларни измени за да се вклучат во базата на податоци за законодавство на УНЕСКО.
- Да ја ратификуваат Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година и Конвенцијата на унидроит од 1995 година доколку веќе не го сториле тоа.
- Да воспостават блиска и континуирана соработка на национално ниво меѓу сите тела, агенции и институции засегнати од чување на културните добра.
- Да ја подобрат заштитата на музеите, јавните колекции, местата на вероисповед и археолошките локалитети.
- Да промовираат воспоставување на инвентари, вклучувајќи фотографии, користејќи меѓународно признати стандарди на описи како што е Идентификацискиот број на предметот и да ги охрабрат ИКОМ и УНЕСКО да обезбедат обука за идентификациски броеви на предмети во нивните земји.
- Редовно да ги проверуваат понудите на пазарот на уметнички дела и продажбата на културни добра преку интернет и да го охрабрат спроведувањето на Основните мерки кои се однесуваат на културни предмети кои се нудат на продажба преку интернет.
- Да доставуваат релевантни информации за кражбите на културни добра, украдени и пронајдени предмети и детали за криминалните лица и мрежи вклучени во недозволената трговија, до Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ за внес на податоци и за анализа на криминалот.
- Да ја користат базата на податоци за уметнички дела на ИНТЕРПОЛ-еАСФ за далечински пребарувања и да ја прошират поврзаноста со таа база на податоци покрај НЦБ кон сите агенции за спроведување на правото кои истражуваат кривични дела поврзани со културни добра.
- Да воспостават заеднички истражувачки тимови за криминал со културни добра преку билатерални или мултилатерални договори според рамковната одлука на Советот од 13 јуни 2002 година за заеднички истражувачки тимови.
- Да ги охрабрат надлежните институции задолжени за поштенски услуги да ги засилат проверките на пакетите кои би можеле да содржат недозволени културни добра.
|