АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА
НУ Музеј на Македонија – Скопје, во период од 15.10 до 03.11.2007 година ќе врши систематско археолошко истражување на локалитетот „Градиште-Бучинци", с. Бучинци, Скопје. Истражувачките работи ќе се одвиваат на северниот дел од некрополата, под раководство на Страхил Темов, археолог, виш кустос.
НУ Музеј Куманово – Куманово, во период од 16.10. до 30.11.2007 година ќе врши систематско археолошко истражување на локалитетот „Татиќев камен", с. Кокино. Истражувањата ќе се одвиваат на секторот „Северна тераса", под раководство на Јовица Станковски, археолог, кустос.
НУ Музеј Гевгелија – Гевгелија ќе врши систематско археолошко истражување на локалитетот „Градишор-Мрамор" с. Милетково. Истражувањата ќе се одвиваат на откриената „Римска куќа", и тоа во рамките на атриумот и околу него. Работите ќе се изведуваат во период од 22.10. до 26.11.2007 год., под раководство на Емил Сламков, археолог, виш кустос.
Средствата за трите проекти се обезбедени од Министерството за култура.
НУ Музеј на Македонија – Скопје, во период од 22.10 до 20.11. 2007 год., ќе врши систематско археолошко истражување на локалитетот „Тумба Маџари", Скопје. Истражувањата ќе се одвиваат на основата на објектот кој веќе е истражуван во 2004 година. Со истражувачките работи ќе раководи д-р Драгиша Здравковски, археолог, кустос. Средствата за проектот се обезбедени од Министерството за култура и општина Гази Баба.
Во текот на октомври продолжуваат археолошките истражувања на НУ Музеј на град Неготино на локалитетитот „Градиште" кај Неготино - во период од 04.10 до 24.10.2007 год., и на НУ Музеј на Македонија – Скопје на објектот „Римски форум" во Стоби во период од 01.10 до 15.12.2007 година. |