АКТИВНОСТИ НА ИНСПЕКЦИСКАТА СЛУЖБА
Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство, во рамките на своите редовни активности, направи увид на сондажните археолошки истражувања на црквата Св. Никола во с. Љубанци , Скопско. Имено, со направените истаржувања на надворешниот дел од северниот ѕид, откриен е периметрален ѕид од постар објект на источната страна кој завршува со апсида. Исто така, меѓу постариот и сегашниот ѕид, откриени се остатоци од подна партија од квадратни керамички плочи. Од направениот увидот констатирано е дека истражувањата се изведени според соодветната методологија за таков вид објекти.
|