АКТИВНОСТИ НА ИНСПЕКЦИСКАТА СЛУЖБА
Манастирски комплекс Забел, с. Никуљане, општина Старо Нагоричане
По добиено писмено известување, инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство направи увид за направено оштетување настанато при изведување на градежни работи при реконструкција на дел од просториите на манастирскиот конак во Забелскиот манастир (црква Св. Богородица). Се констатира дека е направено оштетување на новооткриената гробница од типот „циста", како и тоа дека градежните работи се извршени без конзерваторско одобрение од Управата. Поради тоа, инспекцијата оцени дека е потребно да се запре неовластеното изведување на градежните работи на манастирскиот комплекс (црква Св. Богородица), а сите градежни работи кои ќе се изведуваат во иднина, во внатрешноста на објектот, да бидат правени исклучиво во присуство на стручно лице, археолог.
|