Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.25 - 26, Окт - Ное. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

Изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство

Потребата од измени и дополнувања на постојниот Закон за заштита на културното наследство („Службен весник на РМ” бр. 20/04), произлезе од воочените проблеми во досегашното практицирање на Законот, обврските од европското законодавство, како и од сугестиите на повеќе организиации и стручни лица од областа на заштитата на културното наследство. Заради ургентноста на спроведувањето на одредбите од европското законодавство, измените и дополнувањата на Законот во оваа фаза се однесуваа само на неколку области, и тоа: археолошките истражувања, интегрираната заштита, увозот и извозот, односно изнесувањето на предмети од културното богатство и аспектот на реституција.

Потребата од натамошни измени и долонувања на Законот ќе продолжи и следната година, со разгледување на доставените предлози од страна на Комисијата формирана од Управата за оваа цел.

Досегашните измени и дополнувања на Законот се објавени во („Службен весник на РМ”), бр. 115 од 25.09.07 год. Заради навремено усогласување на актите што ги разгледува и издава Управата со измените во Законот, Управата се обрати до сите заинтересирани странки, доставувајќи им детални објаснувања за истите.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]