Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.25 - 26, Окт - Ное. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ]

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЗАШТИТНИТЕ ЕВИДЕНЦИИ НА
КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НИВНА РЕВИЗИЈА

Во рамките на програмските активности на Управата за заштита на културното наследство за заокружување на правната регулатива во заштитата на културното наследство, изготвен е Правилникот за заштитните евиденции на културното наследство и за начинот на вршење нивна ревизија, во согласност со член 34, став 7 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на РМ” бр. 20/04).

Со овој правилник се пропишуваат содржината и начинот на водење на заштитните евиденции на културното наследство и добрата за кои основано се претпоставува дека претставуваат културно наследство. За овие добра предвидено е да се води основна, матична и централна евиденција. Основната евиденција ја сочинуваат општи инвентари на сите видови недвижни, движни и нематеријални добра, а ја водат јавните установи за заштита, Архивот и овластените субјекти за заштита на духовното културно наследство. Матичната евиденција ја сочинуваат матичните инвентари на добрата во дејностите за заштита на културното наследство (споменичка, музејска, библиотечна и дејноста на заштита на аудиовизуелните добра), а ја водат матичните установи за заштита. Централната евиденција ја сочинуваат централни инвентари за недвижни, движни и нематеријални добра, а ја води Управата. Покрај овие, со Правилникот е регулирано Управата да води 7 посебни и 3 дополнителни евиденции, предвидени со Законот и со меѓународни договори.

Заштитните евиденции се инструменти на заштита и интегрален дел на системот на заштита на културното наследство , што сочинуваат единствена целина на усогласени , споредливи и употребливи податоци за евидентираните добра .

По завршувањето на неопходната правна процедура, се очекува Правилникот наскоро да биде донесен од страна на министерот за култура.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]