РЕВАЛОРИЗАЦИЈА И ВАЛОРИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
Во согласност со законските обврски (член 175 од Законот за заштита на културното наследство, „Службен весник на РМ” бр. 20/04) и Програмата за ревалоризација на културното наследство, оваа година засилено се одвива процесот на ревалоризација на спомениците на културата и на движното културно наследство со статус на значајно културно наследство ex lege . Воедно, отпочна и процесот на валоризација на духовното културно наследство.
Може да се констатира дека надлежните установи за заштита на недвижното и движното културно наследство во втората половина од годината ги интензивираа активностите за изготвување на елаборатите за ревалоризација на голем број недвижни споменици на културата, како и на збирките на музејски предмети (археолошки, етнолошки, историски и уметнички) и на аудиовизуелни добра. Во овој период надлежните установи за заштита на духовното културно наследство изготвија елаборати за валоризација на духовното културно наследство.
Управата за заштита на културното наследство , како координатор на активностите за ревалоризација и валоризација на културното наследство , пристигнатите елаборати ги процесуира на натамошна постапка на стручна и научна ревизија преку комисии формирани од Министерството за култура . Во таа смисла , досега е извршена комисиска ревизија на 1 елаборат за ревалоризација на споменичката целина на скопската чаршија , 10 елаборати за ревалоризација на збирки движни добра , 3 елаборати за валоризација на збирки фолклорни добра , 1 елаборат за валоризација на топонимијата во Република Македонија и 1 за вратничко - полошките говори .
Во наредниот период интензивно ќе се одвиваат активностите на комисиска ревизија на елаборатите за ревалоризација и натамошните постапки до прогласување на добрата со соодветна категорија од Владата на Република Македонија.
|