| Програма за техничка соработка и консултации Прирачник за водење инвентар и документирање на културното наследство  Инвентарот и документацијата се неопходни за унапредување на управувањето со наследството и за неговото вклучување во процесите на планирање и одржлив развој. Инвентарот и документацијата претставуваат многу повеќе од едноставни научни помагала, препорачани во меѓународните договори, и тие имаат улога од стратешко значење. Сложените содржини на наследството кои денес мораат да бидат инвентаризирани како и нивниот однос со нашето секојдневно живеење и опкружување обврзуваат јасна дефиниција и хармонизација на искуствата на европско ниво.
 Во врска со тоа, Управата за заштита на културното наследство во рамките на проектот “Заеднички рехабилитационен проект-план/ процена на архитектонското и археолошкото наследство на ЈИЕ” кон крајот на 2007 година ја издаде на македонски првата од трите публикации на Советот на Европа - Прирачник за водење инвентар и документирање на културното наследство.  Наскоро се очекува од печат да излезат преостанатите две публикации: Европско културно наследство (2 дел) – Преглед на уредби и активности и  Прирачник за урбана рехабилитација .  |