Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.28 - 30, Јан - Март. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

Во рамките на програмските активности на Управата за заштита на културното наследство за заокружување на правната регулатива во заштитата на културното наследство, во изминатиот период се работеше интензивно на изготву­вање повеќе подзаконски акти, предвидени за донесување во согласност со Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на РМ” бр. 20/04).

Во согласност со член 34 став 7 од Законот, изготвен е Правилникот за заштитните евиденции на културното наследство и за начинот на вршење нивна ревизија , а по завршувањето на неопходната правна процедура, правилникот е донесен од страна на министерот за култура и објавен во „Службен весник на РМ” бр. 10/08. Со овој правилник се регулираат заштитните евиденции како инстру-менти на заштита и интегрален дел на системот на заштита на културното наследство, што сочинуваат единствена целина на усогласени, споредливи и упо-требл­иви податоци за евидентираните добра.

Врз основа на член 94 став 3 од Законот, изготвен е Правилникот за содржината и начинот на водење на регистерот за потеклото на антиквитетите, уметничките и другите предмети на колекции што се предмет на трговија и начинот на вршење на контрола на водењето на регистерот. Правилникот е даден на раз-гле­дување на соодветни служби во Управата и во Министерството за култура, по што треба да биде проследен до Секретаријатот за законодавство и по завршува-ње на правната процедура да биде донесен од министерот за култура.

Во завршна фаза на изготвување е Правилникот за формата и содржината на дозволите и уверенијата за изнесување и извоз на културни добра во стран-ство , во согласност со член 97-а став 2 од Законот. Заради специфичната содржи-на што ја третира, како и потребата од сообразување со Преоектот за воведува­њето на едношалтерски систем за увоз и извоз (single window) и контрола при еди­нствено застанување (one stop shop) во Република Македонија, по изготвувањето пра­вилникот ќе биде доставен на разгледување до Секретаријатот за законо­давство и до Царинската управа на РМ.

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]