Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.28 - 30, Јан - Март. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ]

2008 - ГОДИНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

На 16 мај 2007 година Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2008 година за Меѓународна година на јазиците . Со оглед на тоа што прашањата во врска со јазиците спаѓаат во делокругот на активности на УНЕСКО, заедно со образованието, науката, социолошките и општествени науки, културата, комуникациите и информациите, токму оваа организација беше назначена за организатор на овој настан.

Вклучувајќи се во овие активности, Владата на Република Македонија на 15 февруари ја прогласи 2008-та за Година на македонски­от јазик .

Годината на македонскиот јазик е значаен проект на Владата на Република Македонија со кој се потврдува нашата подготвеност за афирмација на македонскиот јазик на патот кон интеграцијата на нашата држава во европската и светска заедница.

Во рамките на Годината на македонскиот јазик се предвидени повеќе активности со кои ќе се третира нашиот јазик во бројните области при неговата употреба.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]