Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр. 31 - 33, Апр - Јун. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство , постапувајќи по добиена писмена информација за недозволени ископувања , направи увид на локалитетот „ Црквенец ” во атарот на селата Липец и Блатец . Од увидот е констатирано оштетување на римски тумул на археолошкиот локалитет „ Црквенец ”, при што е прокопан централниот дел од могилата . Од исфрлената земја при ископувањето се евидентни фрагменти од керамички тегули , човечки коски , градежен камен и хидростатичен малтер од гробна конструкција чии остатоци се најдени во западниот дел од тумулот . Гробната конструкција е потполно уништена од источна страна . Хронолошки гробницата припаѓа на раноримскиот период - II век од н . е . Содржината на гробницата не е позната со оглед на тоа што гробницата е наполно испразнета и не се забележани траги од движни наоди .

Со оглед на тоа дека станува збор за диви копања , Управата за заштита на културното наследство во координација со надлежните служби во Министерството за внатрешни работи презеде потребни активности за откривање и санкционирање на сторителите .


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]