Управата за заштита на културното наследство во рамките на проектот „Заеднички рехабилитационен проект-план/процена за архитектонското и археолошкото наследство на земјите од ЈИЕ” како составен дел од серијата изданија на Советот на Европа ги издаде на македонски јазик публикациите – Европско културно наследство (2 дел) – Преглед на уредби и активности, што ќе послужи на вработените во областа на културното наследство и на сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за улогата која културното наследство ја игра во секојдневниот живот, и Прирачник за урбана рехабилитација , каде што се претставени главните правци за да се помогне на локалните, регионалните и националните авторитети да ги осмислат своите стратегии за локален развој, како и средствата за акција кои може да придонесат за успехот на политиката за рехабилитација.
|