Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.31 - 33, Апр - Јун. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА

На покана од Секторот за превенција и инспекциски надзор при Управата за заштита на културното наследство, во периодот од 20.05 до 23.05.2008 година, Управата ја посети стручен тим експерти на Инспекторатот за култура и медиуми на Република Словенија (КМИРС). Стручниот тим од

Република Словенија го сочинуваа : г . Александар Видмар , архитект , главен инспектор , г . Драган Матиќ , инспектор , виш советник , г - ѓа Матеја Жупан , архитект , инспектор - виш советник . Во рамките на организираниот престој со гостите од Република Словенија се одржаа повеќе работни средби на кои се разменија досегашните искуства во примената на Законите за заштита на културното наследство , особено во областа на превенцијата и инспекцискиот надзор на културното наследство . Тема на средбите беше запознавање со новиот Закон за заштита на културното наследство на Република Словенија , кој е изработен и усогласен во целост со препораките на ЕУ , а се применува од 01.03.2008 година . Исто така , од особен интерес беа и инфомациите околу подготовките и донесувањето на подзаконските акти од областа на аштитата на културното наследство кои се во тек во Република Словенија , а кои ќе претставуваат позитивно искуство во усогласувањето на законската регулатива во Република Македонија која ја опфаќа оваа проблематика.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]