Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.31 - 33, Апр - Јун. 2008
Култура / Culture

[Претходна страна] [Информатори]

ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ БАЛКАН 2 – ФОРМЕЗ

Од 5-14 мај 2008 година во Италија се одржа завршниот дел на тренинг- курсот од проектот Балкан 2 насловен како „ Развој и јакнење на локалната и централната јавна администрација ”, финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија, во согласност со Законот 84 од 2001 година, со цел поддршка на процесот за модернизација и јакнење на локалната и централната балканска администрација.

Студиското патување во Италија беше во организација на Формез (италијанска владина институција за обука) и наменето за одреден број на државните службеници и експерти од министерствата за култура на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Црна Гора (претставник од Македонија беше м-р Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство). Тоа подразбираше серија средби во Министерството за културно наследство на Италија и други јавни и приватни организации кои работат во културниот сектор, посета на одредени културни локалитети, како и можност за запознавање со новите модерни трендови, активности и методи во областа на заштитата на културното наследство и културниот менаџмент. Воедно, тоа беше можност и за стекнување со нови практични искуства во соработката со локалната самоуправа и можностите за децентрализација во оваа област.

Партиципантите имаа можност да ги согледаат различните искуства на културниот развој во Италија и нивната културна соработка со балканскиот регион, како и да разговараат за можни проекти за соработка со италијанските ентитети со финансиска поддршка од Европската Унија и други меѓународни организации.

По завршувањето на студиското патување партиципантите зедоа учество на Транснационалниот семинар „Заштита на архитектонското, културното и природното наследство од природни и антрополошките опасности и катастрофи” кој се одржа на 12 мај 2008 година во Рим а беше насочен кон планираните и прифатените безбедносните методи и активности за заштита на културното наследство.

Завршната конференција се одржа на 13 мај 2008 година и на неа зедоа учество носителите на проектот, како и претставниците од балканските институции, како и раководители во министерствата за надворешни работи, Министерството за културно наследство, Министерството за животна средина и Одделот за цивилна и територијална заштита на Италија.

За доследно спроведување на одржливоста на проектот Балкан 2 на национално ниво, министерствата вклучени во проектот ќе бидат во можност да користат заеднички портал каде што се објавени материјалите од последните активности од стажирањето во Италија, транснационалниот семинар и завршната конференција, со што Проектот продолжува да се развива и проширува со идни активности.


[Претходна страна] [Информатори]