7-МИ МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КРАЖБИ И
НЕЛЕГАЛНА ТРГОВИЈА СО КУЛТУРНИ ДОБРА И АНТИКВИТЕТИ
Од 17 до 19 јуни во Лион, Франција, Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ го организираше Седмиот меѓународен симпозиум за спречување на кражби и нелегална трговија со културни добра и антиквитети, на кој учествуваа 120 преставници од 40 земји. Меѓу замјите-учеснички присуствуваше и македонската делегација која ја сочинуваа преставници од Министерството за внатрешни работи, Дејан Боцевски и Дејан Николовски, и раководителот на Одделението за превенција при Управата за заштита на културното наследство, Илчо Бојчевски. Целта на Симпозиумот беше унапредување на соработката меѓу надлежните институции вклучени во процесот на спречување на нелегалната трговија со културните добра и антиквитетите.
На Симпозиумот беа донесени заклучоци кои ќе придонесат за поефикасно работење за откривање на овие кривични дела.
Заклучоци
од Седмиот меѓународен симпозиум за кражби и нелегална трговија со уметнички дела , културни добра и антиквитети , Лион , Франција , 17-19 јуни 2008 год .
Учесниците на Седмиот меѓународен симпозиум за кражби и нелегална трговија со уметнички дела , културни добра и антиквитети , Лион , Франција , 17-19 јуни 2008 год .,
ПРИЗНАВАЈЌИ ја релевантноста на базата на податоци за украдени уметнички дела на ИНТЕРПОЛ како глобална истражна алатка,
СВЕСНИ за потребата од проширување на пристапот до информации во оваа база на податоци покрај службите за спроведување на правото, во музеите, професионалците од пазарот за уметнички дела и општата јавност,
СМЕТАЈЌИ на потребата од идентификување на меѓународни мрежи на криумчари со цел да се пренесат информации до оперативните служби за спроведување на правото,
АЛАРМИРАНИ од зголемувањето на употребата на интернет за нелегална трговија со културни предмети ,
БЕЛЕЖЕЈЌИ го порастот на употребата на компаниите за брза достава за испраќање на културни предмети , што во , главно , се должи на трговијата со културни предмети преку интернет ,
СВЕСНИ за постојаното ограбување на археолошките локалитети - и на земја и под вода ,
БЕЛЕЖЕЈЌИ ја потребата од консултирање на националните служби за спроведување на правото со признати експерти со цел да го одредат потеклото и автенитичноста на културните предмети кои би можеле да доаѓаат од Ирак,
ИСТО БЕЛЕЖЕЈЌИ го големиот број на извршени кражби во религиозните места и недостигот на инвентари и безбедносни мерки за религиозните добра на ваквите места,
БЕЛЕЖЕЈЌИ дека постои недостиг од свест кај општата јавност за значењето на културното наследство и потребата од негова заштита,
Им ПРЕПОРАЧУВААТ на земјите - членки :
Редовно да додаваат ажурирани информации во базата на податоци за уметнички дела на Генералниот скретаријат ;
Да ги испраќаат до Генералниот секретаријат сите потребни информации за спроведување на криминалистички анализи за меѓународните криумчари на културни добра ;
Да циркулира што е можно пошироко заедничкото писмо на ИНТЕРПОЛ - УНЕСКО - ИКОМ за Основните активности за културните предмети кои се нудат на продажба преку интернет , така што би можеле да се преземат конкретни активности и да се склучат договори со аукциските платформи со цел да се намалат незаконските продажби и што е можно поефективно да се набљудува овој тип трговија ;
Да се набљудуваат земјените и подводните археолошки локалитети и да се делува против нелегалната трговија што следи по ограбувањето , со усвојување на соодветно законодавство во согласност со постојните меѓународни инструменти ;
Во случај на запленување на ирачки културни добра да се контактираат екпертите од листата подготвена од УНЕСКО , достапна на безбедната веб - страница на Генералниот секретаријат
Да се подигне свеста кај сопствениците на културни добра за потребата од подготрвување на инвентари за тие добра и да се направат спогодби за нивна заштита;
ПРЕПОРАЧУВААТ до Генералниот секретаријат да:
Продолжи со иницијативата за давање на што поширок пристап до базата на податоци за украдени уметнички дела на ИНТЕРПОЛ преку веб - страницата ;
ПРЕПОРАЧУВААТ до ИНТЕРПОЛ, УНЕСКО И ИКОМ:
Заеднички да бараат начини за зголемување на свеста меѓу службите за спроведување на правото, кај оние одговорни за чувањето на религиозното наследство, големите играчи на пазарот со уметнички дела и во светот на конзерваторите, општата јавност, со цел заштита на културните добра и борба против нелегалната трговија.
|