ИЗГОТВУВАЊЕ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ
Во рамките на програмските активности на Управата за заштита на културното наследство за заокружување на правната регулатива во заштитата на културното наследство и определбата за хармонизирање со правните прописи во оваа сфера со Европската Унија, донесен е Правилникот за формата и содржината на обрасците на дозволите и уверенијата за изнесување и извоз на културни добра во странство и начинот на издавање на дозволите и уверенијата („Службен весник на РМ”, бр.12/08).
Правилникот ја регулира постапката, обрасците и начинот на издавање на дозволите за привремено изнесување и извоз на заштитени добра и уверението за изнесување на незаштитени добра. Со овој акт се пропишани следните обрасци:
Стандардна дозвола за изнесување на заштитени добра до 12 месеци;
Специјална отворена дозвола за повеќекратно изнесување на заштитени добра со рок на важење до 5 години;
Општа отворена дозвола за изнесување на заштитени добра со рок на важење до 5 години;
Дозвола за извоз на заштитени добра што не се под режим на општа забрана за извоз во смисла на член 52 од Законот и што не претставува национално богатство;
Уверение за изнесување и за извоз во странство на антиквитети и уметнички или други предмети на колекции што немаат статус на заштитени добра . |