АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство, постапувајќи по добиени пријави за недозволени ископувања, направи увид на повеќе археолошки локалитети, и тоа:
- на локалитетот „Св. Илија” во Штип , при што констатира дека е направено оштетување на бетонската подна партија во западниот влезен трем на објектот.
- на археолошкиот локалитет „Могила” во атарот на с. Умлена-Пехчево и констатира дека е направен ископ во природна карпа во која не се евидентирани културни слоеви. Исто така, во исфрлениот материјал од ископот не се забележани остатоци од движни предмети.
- на археолошкиот локалитетот „ Градиште ” с . Лознани , општина Могила – Битола , при што констатира оштетувања на површинските културни слоеви во кои се евидентирани фрагменти од населбинска керамика од рано римскиот период . Исто така , од извршениот увид евидентирани се и два фрагменти од архитектонски елементи , база од јонски столб .
Со оглед на тоа што станува збор за диви копања со кои се уништуваат археолошките локалитети , Управата за заштита на културното наследство во соработка со надлежните служби на Министерството за внатрешни работи презема потребни активности за откривање и санкционирање на сторителите .
„Орманков Гроб” с. Тремник, Неготино
По добиена пријава од жителите на село Тремник, Неготинско, за случајно пронајдени вредни археолошки предмети од времето на владеењето на Филип II и Александар III Македонски, инспекциската служба при Управата за за штита на културното наследство и Музеј Неготино направија увид и организираа интервентно сондажно истражување на месноста наречена „Орманков Гроб”, каде што се пронајдени археолошките предмети со цел за доистражување на локалитетот и негово културолошко и хронолошко дефинирање . На истражуваниот простор открирни се движни наоди и тоа: фибули, апликации, приврзоци и монети со ликовите на Филип II и Александар III Македонски, кои хронолошки припаѓаат IV век пр. н.е. Случајно пронајдените артефакти кои укажуваат за уште едно вредно археолошко наоѓалиште на територијата од Република Македонија, беа пријавени и предадени од жителите на с. Тремник, Неготинско, во Музеј Неготино, без никаков финансиски надомест за случајно откритие.
|