Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.36 - 37, Сеп - Окт. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

Проект за воведување на едношалтерски систем за увоз и извоз ( Single window ) и контрола при единствено застанување ( One stop shop)

Проектот за воспоставување едношалтерски систем за увоз - извоз на стоки ( Single window ) е проект на Владата на Република Македонија, а надлежноста за негово раководење со заклучок на Владата од март 2007 година е делегирана на Царинската управа на Република Македонија. Во изминатиот период Работната група, координирана од Царинската управа, а во соработка со сите вклучени државни органи, интензивно работеше на изработка на софтверска апликација, набавка на хардверска опрема, воспоставување потребната правна рамка и тестирање на системот пред официјалното ставање во работа. Системот стапи во сила на 01.11.2008 година, кога и официјално почна да се применува Уредбата за воспоставување и начинот на користење на информацискиот едношалтерски систем за увоз, извоз и трансзит на стоки („Службен весник на РМ“, бр. 134/08).

Едношалтерскиот систем е со опционален карактер за барателите на дозволите, а задолжителен за органите на управата (издавачите на дозволи). Целта на проектот е податоците и документите кои се потребни за трговските операции да се поднесуваат, а потоа и контролата на стоката да се спроведува само еднаш на едно место. Преку едношалтерскиот систем ќе се олесни и забрза достапноста до државните органи. Исто така, ќе се подобри и размената на податоците меѓу државните органи, но и меѓу државните органи и бизнис- заедницата и останатите корисници. Тоа значи дека постапката за барање и издавање лиценци (дозволи) за контрола при извоз, увоз и транзит на стоки ќе се спроведува преку единствен информациски систем достапен на интернет за да се овозможи современо, електронско и безхартиено работење.

Во рамките на овој систем е вклучена и постапката за барање и издавање дозволи за изнесување/извоз на заштитени културни добра и уверенија за изнесување/извоз на незаштитени културни добра што се во надлежност на Управата за заштита на културното наследство.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]