Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.36 - 37, Сеп - Окт. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ]

Закон за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење

Осум дена по објавувањето на 15 октомври, стапи во сила Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење („Службен весник на РМ“, бр. 130/08). Со Законот се уредуваат клучните прашања во поглед на практичните аспекти на заштита на едно конкретно заштитено добро – споменичката целина Стара скопска чаршија . Станува збор за идентификација на односното добро, особено во поглед на неговиот назив, категорија, граници и контактни зони, како и соодветен режим на заштита, управувањето со заштитеното добро и слично.

Со донесувањето на Законот се заокружува неопходната правна рамка за оживотворување на уставната концепција за посебната заштита на добрата од особено културно и историско значење определени со закон и се создава потребната правна основа за практична примена на новиот национален модел на заштита во поглед на едно конкретно недвижно добро со статус на културно наследство од особено значење.

Цел на уредување на односите со Законот е индивидуализирање на грижата и засилување на одговорноста на релевантните субјекти, активно вклучување на предметното заштитено добро во современиот развој на локалните заедници и државата, унапредување и практична примена на стратегијата на интегрирана заштита на старите градски јадра, обезбедување компатибилност на заштитената споменичка целина со меѓународните протектолошки стандарди, спречување на негативни дејствија и трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталмите и другите културни вредности.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]