Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.36 - 37, Сеп - Окт. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

Центар за дигитализација на културното наследство

Идентификувајќи ја потребата од обука во областа на дигитализацијата на културното наследство , а во рамките на активностите за функционирање на Центарот за дигитализација на културното наследство (кој со финансиска поддршка на италијанската Влада и супервизија на Канцеларијата за култура на УНЕСКО - БРЕСЦЕ од Венеција е отворен во Скопје), во периодот од 10-19.09.2008 година се одржа првата сесија од обуката за дигитализација на културното наследсто . Обуката , чија намена беше воведување на учесниците во клучните прашања поврзани со дигитализацијата и дигиталниот пристап до културното наследство, ја посетуваа 20 стручни лица од институциите за заштита на културното наследство, библиотеки и музеи во Македонија. Беа опфатени повеќе теми кои се однесуваат на управувањето со процесот за дигитализација, техничките упатства за креирањедигитални културни содржини , терминологија и основни концепти , запишување на слики , формати на фајлови, клучни прашања за дигитално зачувување, интрументи и методи за дигитализација на културното наследство ( селектирање на материјалот за дигитализација, системи за дигитализација, планирање на развивање на база на податоци , употреба на I - софтвер ) и др .

Обуката беше реализирана во соработка со стручни лица од Минерва и предавачи од Италија , стручни во својата област . Таа овозможи да се изврши процена и да се согледа моменталната состојба во областа на дигитализацијата на културното наследство во институциите за заштита во Македонија .

Како „проектна задача” на крајот од обуката беше побарано од учесниците, секој во својата институција, да отпочнат со процесот на дигитализација и полнење на веќе постојната база на податоци, како еден од основните начини за формирање на заедничка база на податоци на културното наследство на Република Македонија.

Во наредниот период се предвидува да биде реализирана обука и за претставници од институциите за заштита од земјите на Југоисточна Европа, со што ќе биде нагласена регионалната димензија на Центарот за дигитализација.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]