ЛОКАЛИТЕТ „ПЛОЧА МИЌОВ ГРАД" - ЗАЛИВ НА КОСКИТЕ, ГРАДИШТЕ,
ОХРИДСКО ЕЗЕРО, ПОДВОДНА АРХЕОЛОГИЈА
Претседателот на Владата на Република Македонија , Никола Груевски , на 8- ми декември , на денот на св. Климент Охридски, патронот на Охрид, на локалитетот „ Градиште ", с . Пештани на југоисточниот брег од Охридското Езеро , свечено го отвори Музејот на вода , прв објект од ваков вид во нашето пошироко опкружување .
Подводните археолошки истражувања на локалитетот „Плоча Миќов Град" во Заливот на Коските, во водите на Охридското Езеро, покрај јужното крајбрежје на полуостровот Градиште, близу рибарската и туристичка населба Пештани, се реализираа во кампањи секоја година од 1997, со пауза во временскиот период 2002-2004 година, а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Со овие истражувачки активности за првпат во Македонија се официјализира подводната археологија како гранка на археологијата која се занимава со остатоците, заштитата и презентацијата на подводното културно наследство, кое поради разни околности во минатото и денес останало под водните површини на македонските езера. Од досегашните сознанија, особено Охридското Езеро обилува со остатоци од праисториски наколни населби, објекти во антиката и средновековието кои биле потопени во водите, главно , поради осцилациите на водното ниво , како и движни артефакти кои низ минатото се нашле на дното од езерото, главно, поради риболовни активности или во време на езерскиот сообраќај низ минатите векови. На локалитетот „Плоча Миќов Град" е откриена праисториска наколна (палафитна) населба со временска припадност на доцното бронзено и раното железно време, а во текот на досегашните истражувања беа евидентирани 6000 остатоци од дрвени колци во водите на дното од езерото, на длабочина од 3 до 5 метри кои потпирале најверојатно заедничка дрвена платформа на која функционирале дваесеттина праисториски станбени објекти, исто така изградени од дрво. Со досегашните археолошки подводни активности констатиран е габаритот на населбата, поставена е подводна археолошка квадратна мрежа и се вршени ископувања на неколку истражувачки полиња. Притоа е обезбедена богата документација и собрани се бронзенодопски и железновременски артефакти (главно фрагментирани и цели керамички садови, камени и кремени предмети, помалку бронзени, со мноштво фрагменти од животински коски, меѓу кои има и такви кои служеле како орудија).
ЕЛЕМЕНТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
„Плоча Миќов Град" обезбеди богат фонд сознанија за животот на праисториските луѓе на овие простори. Со о глед на тоа што дното на езерото на местото од локалитетот е густо покриено со остатоци од материјалната култура на жителите од населбата, како и со о глед на содржините од културните хоризонти кои на места можат да се следат во стратиграфска вертикала од 1,5 м, можеме да извлечеме заклучоци релевантни за соодветна реализација на овој проект за реконструкција на таа населба. Имено, многубројните остатоци и фрагменти од дрвени греди и многубројни други остатоци од дрвен градбен материјал со различни дијаметри, говорат со сигурност дека населбата на расположивиот простор била монолитна, односно била изградена на единствена дрвена платформа која се доградувала според потребите од изградба на нови куќи. Истражувањата покажаа една исклучителна појава кога станува збор за езерска населба од овој вид во водите или покрај брегот од езерото.
Паралелно со проектот „ Музеј на вода “ , во непосредна близина на истиот рид, над Заливот на Коските , е извршена реконструкција на римското воено утврдување ( каструм ) на локалитетот „ Градиште ". Ѕидовите на утврдувањето се реконструирани , а внатрешниот дел е уреден . Каструмот со т.н „римска" камена патека е поврзан со наколната населба , така што туристите и гостите ќе имаат несекојдневна можност „ да патуваат " низ историјата која се одвивала на оваа локација . На истата е изградена и нуркачка база , со две простории наменети за сместување на опрема за нуркање и за развивање на подводната археологија и подводниот туризам .
Според зборовите на директорот на Управата за заштита на културното наследство , Паско Кузман , координатор на П роектот , активностите за овој проект ќе продолж ат, па со втората фаза во наредните две години ќе бидат изградени уште 16 дрвени куќарки .
|