Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.38 - 39, Ное - Дек. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ]

АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ИНСПЕКЦИЈА

Археолошки локалитет „Болница" - Демир Капија

Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство направи увид на сондажно археолошко истражување. Констатирано е дека се отворени три сонди со кои се потврдуваат остатоци од градби, водоводна мрежа и одводен канал. На оваа интервенција и предходеше откритие на случаен наод, при обработка на земја, на фрагмент од скулптура на божицата Дијана од II век н.е., кој со судско решение беше обезбеден и предаден на Музејот на град Неготино.


Место наречено „Арамиско Гнездо"

Управата за заштита на културното наследство во соработка со надлежните служби од ПС Прилеп направија увид по пријава од НУ Завод и Музеј - Прилеп за недозволено копање во потрага по богатство на местото наречено „Арамиско Гнездо" над с. Дервен, Прилепско. При увидот е констатирано проширување во постоечкиот отвор во карпа, ископан длабок вертикален тунел, кабли за довод на електрична струја, цевки за вентилација и импровизиран објект кој бил користен за престој на дивокопачите.

Од констатираната состојба Управата во согласност со Законот ќе поднесе пријава и за недозволено користење на опрема за детекција по член 63 од Законот за заштита на културното наследство.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]