ТРЕТ СОСТАНОК НА МЕЃУВЛАДИНИОТ КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА
НЕМАТЕРИЈАЛНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Од 4 до 8 ноември 2008 година во Истанбул, Република Турција, се одржа Т ретиот редовен состанок на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство. На средбата на која присуствуваа членовите на Mеѓувладиниот комитет, претставници од земјите - членки на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство и претставници од невладини организации, беа разгледани и донесени заклучоци за:
вклучување на 90 добра прогласени во 2001, 2003 и 2005 година за „Ремек - дела на устното и нематертијалното наследство на човештвото” во „Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото”;
прифаќање документ за оперативните насоки за употреба на амблемот на Конвенцијата;
прифаќање документ за оперативните насоки за достапност на Конвенцијата;
оперативните насоки за начините на зголемување на изворите за Фондот за нематеријалното наследство;
акредитацијата на невладините организации за обезбедување советодавни услуги на Комитетот;
процедурата за испитување на номинациите на добрата за Листата на УНЕСКО за итна заштита на нематеријалните добра и на барањата за меѓународна помош;
воспоставувањето помошно тело за испитување на номинациите за Реперезентативната листа;
правилата за прифаќање на набљудувачи на состаноците на Комитетот.
На крајот од состанокот беа избрани членовите на Бирото за четвртиот состанок на Комитетот, како и одреден датумот и местото на неговото одржување. На овој состанок од Македонија присуствуваа: м-р Зоран Павлов, раководител на Секторот за документација, меѓународна соработка и општи работи и Валентино Димитровски, раководител на Одделението за движно културно наследство од Управата за заштита на културното наследство, како и Бошко Ангеловски од Министерството за култура.
|