Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.38 - 39, Ное - Дек. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

Валоризација на духовно (нематеријално) културно наследство

Во текот на ноември беа извршени комисиски ревизии на елаборатите за валоризација на духовното културно наследство (дијалекти во Република Македонија), финансиски одобрени со Годишната програма за остварување на национален интерес во културата за 2008 година.

Комисиска ревизија поминаа 14 елаборати, и тоа за 9 македонски (прилепско-битолски говори, охридско-преспански говори, скопско-велешки говори, скопскоцрногорски говори, малешевско-пирински говори, кривопала­нечки говори, штипско-струмички говори, малорекански (галички) говори); 1 албански (гегиските говори во РМ); 2 турски (говорот на Турците во Охридско и говорот на Турците во Радовишко); 2 влашки (ароманскиот дијалект во РМ и мегленовлашкиот дијалект во РМ).

За сите овие елаборати комисиите, формирани од Министерството за култура, доставија извештаи со позитивно мислење до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков", за кои, пак, се доставени предлози за донесување акт на заштита до Министерството за култура, односно до Националниот совет за културното наследство.

Исто така, во текот на декември првичната ревизија ја поминаа следниве елаборати: дримколско-голобрдски говор, рекански говор, дебарски говори, јужни говори, тиквешко-мариовски говори, кумановски говор, кратовски говор, горнополошки говор, струшки говор, вевчанско-радошки говор, говорот на Турците во Битолско, говорот на Турците во Струшко, говорот на Турците во Штипско, тоскиски говори во РМ и преодни гегиско-тоскиски говори во РМ.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]