Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.38 - 39, Ное - Дек. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [Информатори]

Работилница „Културното наследство и локалниот економски развој во Западен Балкан"

На 9 и 10 декември 2008 година во Будва, Црна Гора, во организација на Светската Банка беше одржана работилницата „Културното наследство и локалниот економски развој во Западен Балкан", во чија работа учествуваа претставници од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Како претставник од Македонија во работата на Работилницата учествуваше м-р Снежана Герасимова-Матеска од Управата за заштита на културното наследство.

 

 

 

 

На Работилницата беше разгледана студијата за потенцијалот на културното наследство да го промовира локалниот економски развој во дел од балканските земји, изготвена од Светската банка со поддршка на Италијанскиот фонд за културно наследство. Во студијата се посочуваат тековните напори на владите на земјите-учеснички и странските донатори да ја промовираат конзервацијата и развојот на културното наследство и да понудат рамки за активности кои можат да и помогнат на секоја земја да оди натаму во оваа иницијатива на систематски начин. Дадените забелешки и сугестии за време на работата на Работилницата треба да дадат позитивен придонес во конечното оформување на оваа студија.

 

 


[ Претходна страна ] [Информатори]