Нова веб страница – Македонски археолошки вести
Управата за заштита на културното наследство во соработка со Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан отпочна со издавање на електронското списание Македонски археолошки вести, достапно на веб страниците: www.mav.mk.
Основна функција на ова списание ќе биде да ја запознае македонската и светската јавност со резултатите од археолошките истражувања кои се преземаат на територијата на Република Македонија. Со самото тоа, Македонскиот археолошки весник, еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до доцносредновековниот период. Дел од мисијата на списанието ќе биде да ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и поширока јавност.
|