УПРАВАТА ВО 2007 ГОДИНА
Управата за заштита на културното наследство е примарна во рамките на соодветната легислативна сфера и како таква е заштитник на фундаментите (спомениците на културата од сите минати цивилизации) на државноста на Република Македонија. Во 2007 година управата треба да биде пофлексибилна во одлуките кои значат просперитет, односно стожерник на предлози во рамките на целокупната политика на културното наследство, координатор на значајни проекти со кои ќе се презентира Република Македонија во Европа и светот и на капитални национални проекти кои ќе ја презентираат нашата држава пред европската и светската културна јавност. Ако се има добра мисла и ако се создаде, со добра намера, капитал на вредности на свеста на општеството во контекст на грижа и заштита на цивилизациските придобивки со кои располага македонската држава и со кого ќе се препознава идентитетот на народот, тогаш и Упрaвата ќе стане капитал со кого ќе се заштитува културното наследство на Република Македонија.
|